Мотоспорт

ВО БЕЛИОТ ФЕРАРИ ГИ “ЗАБОЛЕ УВО” ШТО МИСЛАТ ЗА НИВ

Гунтер Штајнер има одлична сезона со екипата на Хаас, која низ кулоарите се нарекува „Белиот Ферари“ со оглед на поврзаноста меѓу овие две Формула 1 екипи. Тимот е американски, има база и во Англија, вози со (нискобуџетните) моторите на Ферари.

Не се грижам што зборуваат за нас. За да ти завидуваат, треба да работиш напорно.

Сожалување, добиваш бесплатно. – рече шефот на Хаас.

По три трки, екипата на Хаас има 12 бода, но според перформансите е на патот да ја оствари најдобрата сезона во Ф1 историјата, која трае од 2016-та година (29, 47, 93, 28, 3, 0 бодови).