Останато

ОЧЕКУВАНА, НО ТЕШКА ПОБЕДА НА ОДБОЈКАРИТЕ

Сребрената европска лига почна со триумф, за нашите одбојкари кои собираат драгоцено искуство за европското првенство, на кое обезбедија пласман вторпат по ред.

Дуелот против Кипар во Струмица заврши за 78 минути со 3:0, по сетови 25:21, 25:21 и 25:21. Следниот противник ни е Израел, утре од 20:00 часот во рамките на 2-то коло.

Фото: eurovolley.cev.eu