СВЕТСКО НА СЕКОИ ДВЕ ГОДИНИ?
Објавено на: 21.05.2021
Првиот чекор е направен, ФИФА издаде дозвола за студија која ќе ги пресметува позитивните и негативните ефекти, од организација на Мундијал на секои две, наместо на секои четири години.
Ова го обелодени лидерот, на 71-от Конгрес на ФИФА, кој беше одржан онлајн:
Фудбалот мора да еволуира, луѓето сакаат да гледаат квалитетни натпревари. – се зборовите на претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Според почетниот став на првиот човек на светскиот фудбал, веднаш станува јасно каков ќе биде исходот од студијата.
Останува да видиме дали зачестените мундијали, ќе придонесат за зголемување или за намалување на популарноста на фудбалот…