ИНОВАЦИЈА ВО ФУДБАЛОТ: КЛИМАТИЗИРАНИ СТАДИОНИ ВО КАТАР
Објавено на: 03.04.2022
Светското првенство во Катар ќе биде само по себе иновација кога ќе се изведе првиот удар на стадионот Ал Бајт на 21 Ноември по многу основи, а еден од нив е и климатизирање на стадионите.
Најголемиот турнир на светот за прв пат доаѓа во Арапскиот свет, во период од годината кога температурата таму е најниска, но и понатаму висока за нормални фудбалски услови. Катарците го одбија барањето на ФИФА турнирот да се игра во Јуни и Јули, инсистирајќи на тоа дека временските услови во овие два месеци се неподносливи во пустината со температури до 42 степени целзјусови.
Од таму, за организаторите да не бидат под критика од светските фудбалски ѕвезди и тренери, жалејќи се на условите, инсталираат клима уреди за внатрешно, но и амбиентално ладење иако температурите во Ноември и Декември би требале да достигнат 33 степени целзјусови.
Катарскиот технолошки универзитет подготвил нацрт проект уште пред 2 години, за ладење на стадионите внатрешно кои ќе бидат целосно затворени преку ден, како би се постигнала оптимална температура. Ваквите системи за ладење се поддржани од соларни панели и се за прв пат внесени на фудбалските стадиони.
Според Доктор Сауд Абдулазиз Абдул Гани, професор на машинскиот факултет во Катар, овие системи ќе имаат повеќе намени.
Не само што го ладиме воздухот, туку го прочистуваме и освежуваме. Оние кои ќе имаат алергии, нема да имаат никаков проблем внатре на стадионите. Ладниот и прочистен воздух ќе влегува од големи турбини под трибините, а користејќи ја техниката на циркулација, топлиот и загаден воздух за неколку секунди ќе биде заменет со чист и свеж воздух. Гарантираме дека во стадионите ќе го имаме најчистиот воздух кој го има во Катар.
Дали Катарците ќе постават стандарди недостижни за следните организатори, останува да видиме.