Фудбал

ГОЛОТ НА ЕЛМАС ЗА ПОБЕДА НА НАПОЛИ (ВИДЕО)

Наполи во чекор го прати лидерот Милан во италијанската лига, а попладнево стигна до многу важни и тешки 3 бода кај гостувањето во Бергамо.

Жртва на избраниците на Лучијано Спалети беше Аталанта, која беше потопена со 3 гола Инсиње, Политано и нашиот дијамант – Елиф Елмас.

Eлмас успешно ја претвори шансата во гол, откако Ирвинг Лозано успеа да пробие во контра и да ја запечати победата на Наполи.

Наполитанците се израмнија со Милан на врвот од табелата, иако росонерите имаат натпревар помалку кој ќе го одиграат утре против Болоња. Зад нив е Интер, кој вечерва гостува кај Јувентус, но има и еден заостанат натпревар против противникот на миланезите за утре, тимот на Болоња.