Фудбал

РОНАЛДО ДО ПЕПЕ: КРАЛОТ СЕ ВРАТИ

Португалската репрезентација ќе биде засилена со играњето на Пепе во дефанзива, откако играчот од средниот ред на Порто го пропушти дуелот со Турција поради КОВИД-19 вирусот.

Сепак, денес на последниот тренинг пред утрешниот меч, Пепе повторно тренира со групата и се очекува утре да го започне мечот.

Медиумите од Португалија објавија дека Роналдо бил пресреќен што Пепе се враќа во тимот, а веднаш штом се појавил на зелениот терен извикал: „Кралот се врати“.