Фудбал

50 000 ПОРТУГАЛСКИ ЗНАМИЊА ПОДГОТВЕНИ НА ДРАГАО

Подготовките за утрешниот спектакл се во завршна фаза, а организаторот ги брои часовите до отварање на вратите на Драгао.

За секој португалски навивач, фудбалската федерација на Португалија подготви и по едно мало знаменце на секое столчи со што дополнително сака да го заокружи амбиентот кој веруваат дека ќе им донесе пласман на СП.

Но покрај вжештените Португалци, ќе има и повеќе од 1500 македонски навивачи, па останува на фудбалерите најдобро како што знаат, да го стишат Порто и цела Португалија.