ИТАЛИЈАНЦИТЕ ГО МОЛАТ МАНЧИНИ ДА ОСТАНЕ СЕЛЕКТОР
Објавено на: 27.03.2022
Италијанската федерација и претседателот на истата Габриеле Гравина подготвуваат план на активности со кои се надеваат дека Роберто Манчини нема да си поднесе оставка и ќе продолжи да ја води репрезентацијата.
Манчини на својот Инстаграм профил во текот на вчерашниот ден објави пост со порака „работам за иднината“, откако Македонија им го нанесе неочекуваниот пораз во Палермо и во втор наврат по ред ќе останат без пласман на Светско првенство.
View this post on Instagram
Според италијанските медиуми, ваквата објава на Манчини е протолкувана како негова желба да продолжи со националнио тим, а Гравина подготвува план на активности кои ќе му ги презентира на селекторот. Се очекува нивната средба очи во очи да биде по натпреварот со Турција, каде што на Селекторот ќе му биде презентиран истиот и желбата за пласман на Италија на СП во 2026 година во Северна Америка под водство на 57 годишниот стратег.
Сепак, одделни италијански медиуми јавуваат дека Манчини ќе побара време да размисли и да ја рефлектира ситуацијата во селекцијата и како неговиот ангажман би можел да даде бенефит.