Мотоспорт

ГОЛЕМА ЕКСПЛОЗИЈА ВО БЛИЗИНА НА ПАТЕКАТА ВО ЏЕДА, ПОД РИЗИК ГН НА САУДИСКА АРАБИЈА?

Слободниот тренинг на патеката во Џеда во Саудиска Арабија беше откажан, откако на 20 километри од патеката се слушнала силна експлозија и избивање на пожар во складишта на нафта на компанијата Aramco.

Викендов за втор пат се вози ГН на Саудиска Арабија под светлата во Џеда. Денешниот втор тренинг беше одложен, откако во непосредна близина на патеката се слушнала силна експлозија и избивање на голем пожар кој не може се уште да биде стишен.

Според непотврдени шпекулации, се работи за терористички напад од страна на групата Хути од Јемен. Се уште нема официјална потврда, но BBC се повикува на информации директно од заливот.

Тимските шефови и претставници на тимовите беа свикани на итен состанок за да бидат информирани за случувањата околу патеката. Се уште нема никаква најава за откажување на викендот во Саудиска Арабија од страна на Ф1 претставниците.