Фудбал

ИТАЛИЈАНЦИТЕ ПРАШУВААТ: ЗОШТО ЌЕ ИГРАМЕ СО ТУРЦИЈА?

Двете поразени репрезентации од нашата бараж група наредната недела ќе ги вкрстат копјата на целосно непотребен „пријателски“ натпревар кој нема да има никакво значење.

Турција загуби 3:1 од Португалија иако беше на работ на израмнување, откако Бурак Јилмаз го промаши пеналот за израмнување, додека Италијанците веќе знаете каква судбина ги снајде.

Избраниците на Роберто Манчини денес се вратија на тренинг, подготвувајќи се за натпреварот за третото местo во својата база во близина на Фиренца, но италијанските медиуми вечерва прашуваат: За што всушност ќе играме?

Според натписите, тие го оценуваат овој натпревар како нејнекорисниот и без никаква цел кој до сега се одиграл.