Фудбал

ПУКНА ВО ЈУВЕ: ДИБАЛА СЕ СКАРА СО АЛЕГРИ

Во Старата дама не оди се како што беше замислено, особено во Лигат ана шампионите, по елиминацијата од Вољареал. ОСтанува битката за одбрана на 4-то место во Италија и евентуално за освојување на Купот на Италија, што за бјанконерите е под сите стандарди.

На 21-ви април се игра реванш натпреварот од полуфиналето во Копа Италиа, против Фиорентина која доаѓа во Торино со 0:1 од првата средба. Но, во Јувентус се случула голема расправија за време на последните тренинзи, кога дел од играчите барале промена на терминот.

Кога се појавил пред Алегри, заедно со Квадрадо, Дибала бил вербално испеглан од тренерот. Јуве му ја намали платата на аргентинскиот ас и ја претвори во бонуси, што дополнително го изнервира и тој најави заминување од најтрофејната италијанска екипа.