НЕЈМАР ЗАМИНУВА ЗА ЊУКАСЛ
Објавено на: 19.03.2022
Бразилскиот фудбалер наполни 30 години, се изнаигра во Париз но не успеа да донесе голем трофеј, се изназема пари за играње во лига која не е предизвик за големите мајстори, а згора на тоа често пати беше и повреден.
Во ПСЖ, Нејмар игра цели 5 години што е најдолго задржување на едно место, во неговата кариера, во која досега настапуваше во Сантос (2009-13) и Барса (2013-17). Во Њукасл го чекаат со раширени раце и одврзано ќесе.

Да не зборуваме за неговите екскурзии во Бразил и излети кои му беа дозволени само нему, односно за рекордниот трансфер од Барселона кој изнесуваше 222 милиона евра во август 2017-та година. Заминува ли Бразилецот?