КРАЛОТ СЕ ВРАТИ СО НЕВЕРОЈАТНА ПАРТИЈА
Објавено на: 12.03.2022
Леброн Џејмс постигна 50 поени во победата на Лејкерс против ВАшингтон со 122:109, што беше негова 15-та средба на која ја достигнал или престигнал оваа линија. Џејмс има 37 години и поставува нови граници.
Првата виолина на Лејкерс, е највозрасниот играч (37) со повеќе од еден натпревар со 50 поени, во една сезона. Го престигна Бернард Кинг (34) кој го постави овој рекорд во сезоната 1990/91 со Вашингтон.

Џејмс е првиот играч на Лејкерс со 50 поени на два домашни меча по ред, по Коби Брајант во 2008-та година, а заедно со Џордан се единствените кои имаат повеќе од еден меч со 50 поени, во три декади.