РЕАЛ ИЗВИСИ ЗА ХАЛАНД, ТОЈ ЌЕ ОДИ ВО СИТИ?
Објавено на: 12.03.2022
Според шпекулациите од Шпанија, односно најавата во престижниот медиум Марка, Кралскиот клуб го осигура потписот на Килијан Мбапе. Но, според најавите кои доаѓаат од Островот, го загуби другиот играч кој исто така беше огромна желба.
Ерлинг Халанд ќе потпише за Манчестер Сити. Главниот протагонист на ваквиот договор е всушност неговиот татко Алф-Инге кој настапуваше во дресот на сините во периодот 2000-03. Ќе се реализира ли оваа шпекулација или останува сензација?