Фудбал

ПОРАДИ МЕСИ, БАЛОН Д’ОР ПРЕТРПУВА ПРОМЕНИ

Послендиот пат, престижниот француски медиум Франс фудбал беше критикуван поради доделувањето на престижната награда на аргентинскиот ас Лионел Меси, кој ја освои по седми и најверојатно последен пат, со оглед на возраста и формата во која игра.

Од 2022-та, наместо на крајот на годината, „Златната топка“ ќе се доделува на крајот на секоја сезона. Со тоа ќе се придонесе за вистинско вреднување на успесите и на резулатите на еден фудбалер, без можност за манипулации од никаков тип.

Еден од најоштетените фудбалери во историјата, е Роберт Левандовски, кој во 2020-та година поради Ковид-19 немаше можност да ја добие, а во 2021-та „му беше одземена“ можноста да ја добие „Златната топка“. Праведна ли е оваа одлука на Франс фудбал?