Мотоспорт

ХАМИЛТОН Е ИЗНЕНАДЕН ОД БРЗИНАТА НА ФЕРАРИ

Двата тренинга во Монте Карло во текот на вчерашниот ден ги вивнаа момците од Маранело на челните позиции, а целиот Ф1 свет е изненаден од прогресот кој екипата од Маранело го оствари за само две недели.

Еден од „најизненадените“ е Луис Хамилтон, кој со нетрпение ја очекува битката против црвените болиди. Запрашан дали ја очекувал оваа брзина од Ферари, Британецот одговори:

 Не, воопшто. Изненаден сум од нивната брзина, но тоа не ме загрижува бидејќи со нетрпение очекувам да се натпреварувам против нив.

Квалификациите во Кнежеството се утре на програмата од 15:00 часот.