Ракомет

ЛАЗАРОВ МУ ПРЕСУДИ НА ВЕСПРЕМ, НАНТ ПОВТОРНО ВО КЕЛН

Македонскиот селектор и капитен, го постигна клучниот гол за победа на француската екипа во 1/4 финалниот двомеч со унгарската, битка по која победникот ќе патува на завршниот турнир во Германија.

Резултатот на првиот меч беше 32:28 за Нант, во последните две минути во реваншот Веспрем со имаше +3 (32:29), но тогаш на сцена стапи македонскиот бомбардер и ја запечати приказната во карактеристичен стил:

Голот на Кире, е на 09:00 од видеото. Овој погодок на Кирил Лазаров, го прославија и официјалните лица на Нант, знаејќи колку вреди и што значи:

Покрај Нант, на завршниот турнир се пласира уште една екипа во која настапуваше Лазаров, а тоа е Барселона, заедно со ПСЖ на „вардарецот“ Раул Гонзалес и со данскиот претставник Алборг.