ХАРИ КЕЈН СИ ОДИ!
Објавено на: 21.05.2021
Англискиот репрезентативец е на заминување од Тотенхем, каде ги помина последните 5 сезони од младинските категории и официјално сите од професионалната кариера која почна во 2009-та година, иако од 2011-та до 2013-та се шеташе во неколку англиски клубови како позајмен играч.
Во последното интервју кое Кејн го имаше со Гери Невил, за Скај спортс, играчот на лондонската екипа истакна дека можеби раководството ќе сака да добие за него 100 милиои фунти и можеби тој нема да вреди толку во следните 2-3 сезони од кариерата, особено ако Тотенхем нема резултати.
🏆 Desire to win trophies
🌎 Reaching Messi x Ronaldo level
🤝 Future in his own handsHarry Kane joined @GNev2 for the latest episode of #TheOverlap
— Sky Sports News (@SkySportsNews) May 20, 2021
Според Кејн, тој никогаш не се заколнал дека засекогаш ќе остане во редовите на сегашниот клуб. За услугите на сестраниот играч веќе пројавија интерес неколку големи европски клубови, меѓу кои најзаинтересирани се Манчестер Јунајтед и Челси, од Островот.