ЗОШТО МАКС ВЕРСТАПЕН ГО БОЈКОТИРА СЕРИЈАЛОТ DRIVE TO SURVIVE?
Објавено на: 11.03.2022
2021 беше сезона за паметење за новиот Ф1 шампион – Холанѓанецот Макс Верстапен, но него нема да го видиме во новата сезона на Drive to survive која денес ја има премиерата на стриминг платформата Нетфликс.
Како што и самиот изјави, голем дел од работите во мега-популарниот Ф1 документарец се пренапумпани со драма која не постои и ривалства кои никогаш не се случиле.
Според него, на Ф1 му било потребно вакво шоу, особено за Северна Америка и билдање на популарноста на најбрзиот циркус во светот.
Јас не сум драматична личност и сакам работи кои се базираат на факти и вистински случки. Она што верувам дека ќе се случува во новата сезона е ривалството помеѓу мене и Луис, поради еден-два судири. Ривалството не постои.
Рече Макс по ГН на Америка.
Јас доаѓам од мал град, од мало семејство и целата драма и напумпани работи не се едноставно дел од мојот свет.
Новата Ф1 сезона започнува за 1 недела со ГН на Бахреин. За сите оние љубопитни што ќе се случува во четвртата сезона на Drive to survive, подолу е најавата.