ТОЈ ВЕРУВА ВО ЈУНАЈТЕД, ДАЛИ ВЕРУВААТ И ФАНОВИТЕ?
Објавено на: 07.03.2022
Екипата од Манчестер која долги години, скоро две децени беше симбол на спортот и фудбалот во овој град, е на колена од заминувањето на Сер Алекс Фергусон. Се повеќе, Јунајтед наликува на клуб кој нема никаква стратегија.
Но, има поединци кои веруваат во овој клуб, а еден од нив е голманот Де Геа:
Еден ден, ќе го вратиме овој клуб таму каде што припаѓа. Ова (манчестерското дерби и поразот 4:1) беше уште еден болен момент во тешка сезона за нас. Но, се додека ги носиме боите на овој клуб, ние нема да се предадеме.
Границата меѓу славата и пропаста е потенка од која било друга граница на овој свет. Има ли трпение раководството на клубот? Имаат ли трпение навивачите?