Фудбал

РОНАЛДО НЕ БИЛ НИТУ ВО МАНЧЕСТЕР ЗА ВРЕМЕ НА ДЕРБИТО

Одлуката Кристијано Роналдо да не се најде на списокот на играчи кои беа повикани за дуелот со Манчестер Сити ја изненади целата јавност, а денес произлегоа информации во кои се шпекулира дека Португалецот веднаш заминал за Португалија.

Како што нагласи и Ралф Рагник по дуелот, неговото изоставување било поради повредата на колкот која ја влече од Јануари, но изненадува одлуката на Португалецот да не остане во Манчестер и да го следи дуелот на своите соиграчи од трибините туку да ги замине во Португалија.

Според The Atheltic, веднаш штом дознал дека не е во составот, ја напуштил тимската база и со приватен авион се упатил на Мадеира.

Дали станува збор за конфликт со Рагник или дел од играчите, останува да дознаеме во следните денови.