КОЛОТО ВО СЕРИЈА А ПОЧНУВА СО 5 МИНУТИ ЗАДОЦНУВАЊЕ, КАКО ПРОТЕСТ ПРОТИВ ВОЈНАТА ВО УКРАИНА
Објавено на: 25.02.2022
Италијанската фудбалска федерација потврди дека сите натпревари од следното коло во калчото, ќе почнат со 5-минутно задоцнување, односно пролонгирање на термините, како знак на протест против руската инвазија на Украина.
Според официјалното соопштение, италијанските фудбалски власти изјавија дека не се мешаат во политика, но дека ја сметаат оваа воена агресија за погрешна и дека спортот генерално треба да сака и да донесе мир насекаде.