Мотоспорт

ХОРНЕР ГО БРАНИ МАСИ, НО ЗОШТО?

Непосредно пред стартот на сезоната, Формула 1 реши да го смени директорот на трките и на негово место да постави двајца кои ќе ротираат во рамките на шампионатот кој ќе брои рекордни 23 трки според планираното.

Најлс Витич и Едуардо Фреитас ќе бидат новите имиња на позицијата на која седеше австралискиот стручњак, кој ќе добие нова улога, а за сето ова, шефт на Ред Бул има свој коментар во кој се обидува да го заштити Маси:

Мислам дека одлуката на Ф1 е престрога. Мајкл беше во тешка позиција, минатата сезона. Имаше толку многу притисок врз Ф1, што едноставно мораше директорот на трките да биде сменет. Тоа не е во ред. Тој не направи ништо погрешно или нешто што не беше во согласност со правилата. – се зборовите на Кристијан Хорнер.

Маси дозволи неколку болиди да му го отворат патот на Ферстапен, кој со посвежи пневматици го победи Хамилтон во последниот круг од последната трка минатата сезона и сензационално ја освои титулата во Абу Даби.