Фудбал

РОНАЛДО Е ЛШ, ЛШ Е РОНАЛДО

Португалскиот ас ги урива границите на возможното, во современиот фудбал. Особено му е интересно и можеби најомилено натпреварувањето под капата на УЕФА. Во елитната Лига на шампионите, може да има само еден владетел и тој, во моментов, односно последните скоро две децении, се вика Кристијано Роналдо.

Кристијано Роналдо и неговите рекорди: има најмногу настапи, најмногу настапи во групната фаза, најмогу голови, најмногу голови во една сезона, најмногу голови во нокаут фазата, најмногу титули, единствен кој постигнал гол во три финалиња, единствен кој постигнал гол на 11 последователни меча…

На Роналдо му недостасува рекордот за вкупно одиграни мунити, кој е сопственост на голманот Касиљас кој има 16.267, но напаѓачот е многу блиску со 16.009. Ако Манчестер Јунајтед го помине Атлетико, Португалецот (со 360 минути) ќе го урне и овој рекорд. Може ли да стигне и до ова достигнување?