ИСТОРИСКИ ФИНАНСИСКИ ДОГОВОР ЗА МИЛАН
Објавено на: 21.02.2022
Росонерите се многу блиску да го симнат од престолот во Италија, градскиот и вечен ривал Интер. Нероаѕурите имаат еден натпревар и два бода помалку од росонерите, кои се на врвот во моментов по 26 одиграни кола.
Освен што конечно заигра фудбал, гигантот Милан игра одлично на финансиски план, а сега и првпат во својата историја ќе потпише договор со спонзор кој ќе има свое лого под броевите на грбот на црвено-црниот дрес.

Фирмата Wefox која во 2020-та година имаше приход далеку над 100 милиони евра, ќе плаќа меѓу 5 и 8 милиони евра по сезона, за позиција на дресот на седумкратниот европски шампион. Милан сега ќе има 4 главни спонзори.

Директорот Иван Газидис и финансискиот директор Каспер Стајлсвиг веќе потпишаа 26 соработки со силни меѓународни компании и остварија приход од над 17 милиони евра, во споредба со претходната управувачка постава на Милан.