Фудбал

РОНАЛДО СИ ГИ ПРЕСЕЛИ АВТОМОБИЛИТЕ?

Првата ѕвезда на Јувентус и на светскиот фудбал, ги натовари(л) своите скапоцени играчки во камион, кој потоа се упатил во непознат правец. Според шпекулациите на „познавачите“ на приликите, тоа е знак дека Кристијано Роналдо заминува од Торино по крајот на сезоната.

Извори блиски до португалскиот фудбалски ас, пак, велат дека автомобилите кои се сопственост на (се уште) фудбалерот на Старата дама, сепак, заминале само на редовна проверка во Германија, по што ќе бидат вратени во истата гаража од која биле „земени“.