ТИТУЛАТА ВО МАДРИД, КОЈ ЌЕ ЈА ОСВОИ?
Објавено на: 16.05.2021
На едно коло до крајот, со победата на Атлетико против Осасуна со 2:1, односно победата на Реал Мадрид кај Атлетик Билбао со 1:2 и поразот на Барселона од Селта Виго со 1:2, Каталонците ги загубија шансите за шампионскиот пехар, а мадридските екипи ќе се борат до последниот здив.
Во последното коло од Примера, Кралскиот клуб игра со Виљареал, душекџиите гостуваат кај Ваљадолид. Атлетико со 83 има два бода предност и мора да победи за сигурно да стане шампион, а победата е императив и за Кралевите кои имаат подобар скор (2:0, 1:1) од противникот за пехарот.