ДАЛИ ХЕРОИТЕ НА ДАНСКА ПОТФРЛИЈА ВО КЛУЧНИТЕ МОМЕНТИ?
Објавено на: 28.01.2022
Селекцијата на светскиот шампион нема да игра за златото на европското првенство, затоа што Црвената фурија ја преслуша Данска и се пласира во мечот за титулата на континенталниот собир, со скор 29:25.

Во клучните моменти потфрли двоецот Ландин-Хансен. Првиот на голот каде воедно го немаше во средината на второто полувреме кога се решаваше победникот, а на спротивната страна де Варгас ја направи разликата.

Вториот потфрли во организацијата на нападот, правеше почетнички грешки, не шутираше на голот, моменти што Шпанците знаеја да ги искористат и да дојдат до клучната предност пред завршницата на полуфиналето.

Шпанија го чека подобриот од мечот меѓу олимпискиот првак Франција и некогашната велесила Шведска од 20:30 часот, а Данците, кои се актуелни светски шампиони, ќе играат со поразената екипа за бронзениот медал.