Тенис

ИМА ЛИ ШАНСА НОЛЕ, АКО ПОВТОРНО СЕ ЖАЛИ?

Министерот за имиграциони прашања на Австралија го искористи своето дискреционо право и реши да му ја укине визата на Новак Ѓоковиќ, што значи дека српскиот тенисер повторно се соочува со депортација од оваа земја.

Првиот пат, кога Граничната служба не му дозволи на Ѓоковиќ да влезе во Австралија, односно неговите адвокати успешно го одбранија случајот пред Судот на Австралија, жалбата успеа. Сега, ова се можните сценарија за Ноле:

1. Ја прифаќа одлуката, си оди од Австралија
2. Успешно се жали, останува да игра на АО
3. Неуспешно се жали, си оди од Австралија
4. Успешно се жали, но потоа Австралија се жали

Во последниот случај, Судот на Австралија ќе треба да пресуди дали тој ќе може да настапува на АО, додека трае жалбениот процес на државата против Новак Ѓоковиќ.