ДО КАДЕ ОДИ ПРОФЕСИОНАЛНОСТА НА РОНАЛДО
Објавено на: 14.01.2022
Португалскиот ас се пожалил до дел од стручниот штаб и канцеларијата на клубот Манчестер Јунајтед, дека е единствениот кој ги почитува сите современи принципи на функционирањето на еден спортист.
Премиерлигата е натпреварување кое бара многу ангажман и посветеност, со цел да се дојде до висока позиција во лигата во која 10 екипи се борат за првите 5 места кои водат директно во европските натпреварувања.

Јас сум единствениот играч на Манчестер Јунајтед кој оди во теретана пред и по тренинзите. – биле зборовите на Кристијано Роналдо, без да именува никој од своите соиграчи или негативно да посочи некого.
Дали и вие би го направиле истото?