И СО ВТОРА ПОСТАВА ЗА МАЛКУ ЌЕ ГИ ПОБЕДЕВМЕ СЛОВЕНЦИТЕ
Објавено на: 13.01.2022
Пораз со 27:25 во првото коло на ЕП во Словачка и Унгарија, од селекцијата на Словенија која беше фаворизирана пред овој меч со оглед на искуството и квалитетот на играчите. Македонија покажа заби, на моменти и ги надигра змајчеки, но не веруваше во победата до крајот.
Игравме без повредениот Лазаров, без првиот голман Митревски кој има корона-вирус, но подмладениот состав имаше свои моменти: цепелинот на Филип Кузмановски, 8-те гола на Цветан Кузманоски, 14-те одбрани на Мартин Томовски! Стојанче Стоилов стана рекордер со 29 настапи.
Кој од нашите репрезентативци, ви остави најголем впечаток во првото коло на 15-то континентално првенство?