ПАЛЕЦОТ НАДОЛУ, ЗНАЧИ СРЕДЕН ПРСТ НАГОРЕ
Објавено на: 07.01.2022
Иако е финансиски најуспешната и највредната НБА франшиза во многу сезони со децении наназад, Никс имаат големи проблеми во формирањето победничка екипа и пронаоѓањето соодветен тренер и генерлен менаџер кои би склопиле шампионски тим.
Џулиус Рендл беше доведен како лидер на новата генерација, дојде во 2019-та година од Пеликанс каде замина на една сезона од Лејкерс кои го пикираа во 2014-та, но никако не може да се снајде пред елитната публика во Медисон Сквер Гарден.
Многу често тој е исвиркуван од љубителите на кошарката кои плаќаат огромни пари за место во „Куќата на кошарката“, особено за седиштата крај теренот каде има многу селебрити личности, па неговиот одговор на тие критики е следниот:

Ова се лсучи на мечот со Бостон кој по пресврт заврши во корист на Никс, а откако неговиот гест стана вирален, тој се извини на Инстаграм со зборовите „ова е пример како понекогаш човек може да им каже нешто, на луѓето кои ги сака, за кое подоцна ќе се покае“.