Фудбал

МЕСИ ПАК ЌЕ ИМ ЈА УКРАДЕ СЛАВАТА НА РОБЕРТ И МОХАМЕД?

Има уште точно 9 дена до изборот на ФИФА, на церемонијата во седиштето на светската куќа на фудбалот кое се наоѓа во Цирих, кога ќе биде прогласен најдобриот фудбалер за изминатата година. Датумот е 17-ти јануари.

Гласаа сите селектори, сите капитени, по еден новинар од секоја земја која има национален тим под капата на ФИФА и фановите кои можеа да ги дадат гласовите на порталот на ФИФА, со web-адреса fifa.com.

Финалисти се Лионел Меси од ПСЖ кој во кратка трансфер-сага премина од Барселона во француската престолнина, Роберт Левандовски кој игра во неверојатна форма за Баерн Минхен и Мохамед Салах од Ливерпул кој е еден од најстандардните на високо ниво последните неколку сезони.

Франс Фудбал веќе изведе една контроверзија, доделувајќи му ја Ballon d’Or за 2021 на Лионел Меси, пред Левандовски, што е најнезаслужената награда во историјата на фудбалот. Тогаш и Жоргињо од Челси извиси, а како ќе биде сега со ФИФА?