Фудбал

ВО МАНЧЕСТЕР СИ ПРИЗНАА: НИЕ СМЕ ВИНОВНИ ШТО МОЈЕС НЕ БЕШЕ УСПЕШЕН СО ЈУНАЈТЕД

Дејвид Мојес беше наследникот на легендата Сер Алекс Фергусон, на трибините на Олд Трафорд се појавуваа транспаренти со натпис „Избраниот“, но тој воопшто немаше резултатски успех со најуспешниот англиски клуб во тоа време.

Главна пречка за успехот на оваа организација бил еден единствен трансфер – управата агитирала за Тиаго Алкантара од Барселона, додека Мојес ставил вето и се решил за Маруан Фелаини кој играше под негова палка во Евертон.

Алкантара потоа згрме во Баерн и беше 7 години по ред шампион на Германија, а сега е клучен шраф во играта на Ливерпул. Фелаини имаше одреден успех под водство на Мурињо во Јунајтед, но сега игра во Кина и јасно е кој што постигна…

Сепак, раководството на чело со Ед Вудвард призна дека не му дало поддршка на Дејвид Мојес, но останува прашањето како може еден трансфер да ја расипе целата калимера во таква силна организација како Манчестер Јунајтед?