ЦРНОГОРЦИТЕ НЕ НИ СЕ ПЛАШАТ И МИСЛАТ ДЕКА СЕ РАМО ДО РАМО СО НАС?
Објавено на: 05.01.2022
На претстојното машко ракометно европско првенство, нема големи фаворити или аутсајдери. Има, кога се работи за селекции од различни ешалони, но границата меѓу селекциите кои се блиску според квалитетот, е екстремно тенка.
Селекцијата на Црна Гора е наш втор противник на претстојното ЕП, претходно играме со Словенија, а на крајот со Данска. Селекторот Лазаров во една прилика изјави дека Црногорците некого ќе победат, само да не бидеме тоа ние.
Македонија ја познаваме добро, одигравме неколку пријателски средби, а на последната дури и победивме. Мислам дека шансите ни се 50-50 во дуелот во групата во Дебрецин. – се зборовите на црногорскиот голман кој игра во Мелсунген, Небојша Симиќ.
Дали овие зборови треба да не исплашат, или да ни бидат мотив плус во битката за една од двете позиции во групата, кои водат во втората фаза?