И ТРЕБААТ ЛИ СТАРЦИ НА БЛАУГРАНА?
Објавено на: 03.01.2022
Секој клуб, секоја организација и секое друштво во некоја фаза од постоењето се среќава со реогранизација и проблеми, процес кој некогаш може да биде лесен, но некогаш може да биде и болен. Ова второто, е случајот со актуелната состојба со Барселона.
Јавноста притиска за нови играчи во составот на каталонската гордост, но треба ли раководството да потпишува извикани и излитени имиња, по секоја цена? Или да се сврти кон политиката која и донесе невиден успех?
Да се потсетиме, Барселона во 1992-та првпат триумфира во КЕШ, односно Лигата на шампионите, а потоа чекаше до 2006-та, значи навивачите на Барселона треба да сфатат дека не се „родени принцови“, туку успесите се плод на напорна и долготрајна работа.

Барселона сезонава веќе искористи 11 играчи под 20 години, што потсеќа на времето кога генерацијата од фамозната каталонска фудбалска академија „Ла Масија“, почна да царува со светот на фудбалот на Стариот континент:
Gavi – 17 (години)
Ilias Akhomach – 17
Yusuf Demir – 18
Alex Balde – 18
Estanis Pedrola – 18
Ansu Fati – 19
Pedri – 19
Eric Garcia – 20
Nico Gonzalez – 20
Ez Abde – 20
Alvaro Sanz – 20
Ова е формулата, или нешто друго?