ИГРАЧИТЕ НЕКА БИДАТ РААТ
Објавено на: 20.04.2021
Претседателот на Реал Мадрид и на Суперлига, Флорентино Перез зборуваше во емисијата „Ел Чирингито“, најгледаната фудбалска емисија на светот, која се емитува на ТВ МЕГА:
Новиот формат на УЕФА нема да донесе задоволувачки приходи кои би го спасиле фудбалот, во следните две децении. Суперлигата ќе го спаси исто како Европскиот Куп на Шампионите кој беше формиран во 1950-та година.
Гигантите во Шпанија, Италија и Англија бараа излез од оваа катастрофална ситуација. Не можеме да се потпреме само на ТВ правата. Сакаме да зборуваме и преговараме со УЕФА и со ФИФА, не разбирам зошто толку ни се лутат.