КОЈА Е ПРИЧИНАТА ЗА НОВАТА СУПЕРЛИГА?
Објавено на: 19.04.2021
Во модерниот спорт, освен компетитивниот предзнак, главен двигател на случувањата е материјалната добивка. Особено во фудбалот, кој претставува најмоќна и најдоминантна натпреварувачка и финансиска машинерија во светот на спортот.
Се претпоставува дека основната причина за формирање на лигата на големите, е финансиската добивка. Во моментов, шампионот на ЛШ може да заработи максимални (помалку или повеќе) 100 милиони евра, а во Суперлигата секој клуб ќе добива по загарантирани 250 милиони.
Идејата за формирање на Суперлигата, се родила уште во 90-тите години на минатиот век, но излезе на виделина во 2009-та, од најмоќниот и најуспешниот меѓу актуелните претседатели, Флорентино Перез кој е на чело на Реал М. во неговиот втор мандат.