ЗНАЕТЕ ЛИ ЧИЈА ВРЕДНОСТ ПОРАСНА НАЈМНОГУ НА ФУДБАЛСКИОТ ТРАНСФЕР-ПАЗАР?
Објавено на: 25.12.2021
Во годината што поминува имаше многу фудбалски бомби, од трансфери до разделби, преку несекојдневни комбинации. Едно име се истакнува на врвт на листата на фудбалери со најголем напредок на трансфер-пазарот, во однос на неговата материјална вредност во 2021-та година.
Педри од Барселона е фудбалерот кој скокна најмногу во поглед на неговата вредност во текот на оваа календарска година. Фудбалерот на Барселона сега вреди 72 милиона фунти, а претходно неговата финансиска вредност се проценуваше за 45 милиони фунти помалку, или 27.

Џек Грилиш е фудбалерот кој во моментов вреди 90 милиони фунти и тој има втор најголем напредок од 1-ви јануари 2021-та година. Во периодот на летните трансфери, Грилиш дојде во Манчестер Сити кај Пеп Гвардиола, иако се очекуваше таму да ги видиме Кејн и/или Роналдо.

Друштво на овие двајца им прави Ерлинг Халанд, но процентуално неговата вредност не се зголеми како што е тоа во случајот на Грилиш и Педри. Овие три имиња напредуваа за вртоглави 45 мил. фунти на листата на фудбалери со најголем напредок во вредноста во 2021-та.