КОЈ Е ЧОВЕКОТ СО МАСКАТА, ЧИЈ ДРЕС НОСИ И СО КОГО СЕ СЛИКАЛ?
Објавено на: 26.12.2021
НБА франшизата Мајами Хит имаше многу специјален гостин за време на божиќните натпревари – на нивната трибина седеше еден многу познат фудбалер, кој е многу актуелен во светот на фудбалот, во моментов.
Гостин на тимот од Флорида беше Винициус (сликан со Тајлер Хиро), напаѓачот на Реал Мадрид кој сезонава се наметнува како лидер во нападот на Кралскиот клуб, кој, пак е лидер во шпанската Примера Дивисион.

Освен што е лидер во Шпанија, најтрофејниот европски фудбалски клуб игра добро и во Лигата на шампионите, каде по повторената ждрепка поради техничка грешка, во 1/8 финалето ќе игра со ПСЖ.