ОФИЦИЈАЛНО: СУПЕРЛИГАТА Е ОФОРМЕНА!
Објавено на: 19.04.2021
Европските фудбалски гиганти се согласија да ја оформат и веќе од наредната сезона да почне новото континентално клупско натпреварување, наречено Суперлига. Во неа ќе членуваат 12 великани, а се очекува да пристапат уште три.
Основачи и раководители на лигата, се:
Милан, Арсенал, Атлетико Мадрид, Челси, Барселона, Интер, Јувентус, Ливерпул, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Тотенхем, а другите три би требало да бидат германските Баерн Минхен и Лајпциг, односно Порто.
Основачите, како што стои во официјалното соопштение на клубовите што ја формираа новата евроска клупска лига, со нетрпение чекаат да ги почнат преговорите со ФИФА и УЕФА, за изгледот на современиот фудбал, со појавата на ова натпреварување.