Мотоспорт

ОДГОВОРОТ НА ЧОВЕКОТ ШТО ГО „РЕШИ“ Ф1 ПРВЕНСТВОТО Е ЈАСНА СЛИКА ЗА НЕГОВАТА ОДЛУКА

Мерцедес се жали на одлуката на директорот на трката во Абу Даби, Мајкл Маси да пропушти само одреден дел од возилата да го престигнат сигурносното, со што Ферстапен со нови мазни пневматици му се доближи директно зад грб на Хамилтон кој возеше на истрошени тврди гуми.

Според правилата, или сите возила кои доцнат за еден круг треба да го поминат безбедносното, или ниту едно, кога safety-car излегува на патеката како што тоа беше случај поради сударот на Николас Латифи на 6 круга до крајот. Маси реши да дозволи одреден број возила да претекнат.

Холанѓанецот го искористи моментот што подоцна му донесе титула, а Британецот остана со празни раце иако беше лидер. Мерцедес по трката се жали до ФИА, а директорот на трката му одговори преку радио-комуникацијата на шефот на Мерцедес, Тото Волф за време на трката:

Тоа се вика тркање, Тото. Извини…