И СЕГА, КРАЛЕВИ, ШТО ПРАВИМЕ?
Објавено на: 13.12.2021
Меси се враќа на Сантијаго Бернабеу, во нов дрес но со истите амбиции. Најтрофејната европска екипа ќе се соочи со ПСЖ во првата елиминациска фаза од Лигата на шампионите.
Ждрепката, односно повторената ждрепка поради грешката на УЕФА, сакаше Реал да игра не со Бенфика, туку со францускиот гигант каде настапува најдобриот фудбалер на денешницата.

Флорентино Перез веќе му се јавил на првиот човек на европската асоцијација, Чеферин да се жали за ваквиот расплет. Исходот му е познат?