ХАМИЛТОН НАЈДЕ ДА СЕ ЖАЛИ ЗА ТИТУЛА? СЕ СЕЌАВА ЛИ НА ПОДАРОКОТ 2008?
Објавено на: 12.12.2021
Луис Хамилтон и Мерцедес се жалат на титулата на Ферстапен, поради неправилности околу појавувањето и однесувањето за време на безбедносното возило. Ако Ф1 најде нерегуларности, треба да му ја додели титулата на британскиот возач, но само ако ја заслужил.
Но, тој сигурно не ја заслужи првата, која ја освои во сезоната 2008-ма во Бразил, откако возачот на екипата на Тојота Ф1, Тимо Глок одненадеж загуби грип и ги пропушти Фетел и Хамилтон кои се тепаа за 5-то место, кое на британскиот возач му носеше титула.
Фелипе Маса победи, беше втор во поредокот но ги освои потребните бодови, а Хамилтон беше 6-то пласиран и со тоа ја губеше титулата, кога се случи контроверзијата. На крајот, Хамилтон беше кринисан со првата титула во неговата кариера. Во моментов има 7, или 8?
That extraordinary final lap of the 2021 title race in full 😮#AbuDhabiGP 🇦🇪 #F1 pic.twitter.com/kknTMDfpAF
— Formula 1 (@F1) December 12, 2021
Нема почиста титула, повозачка и пореална, уште од времето на old-school возачите…