МОЖЕ ЛИ КИРЕ ДО НОВ РЕКОРД?
Објавено на: 07.12.2021
Макeдонскиот бомбардер ќе се претстави на претстојното европско првенство во уникатна улога на капитен и селектор на нашата „А“ селекција, која ќе се натпреварува на 15-тиот континентален собир, во јануари 2022-та година.
Кирил Лазаров е втор на вечната листа на стрелците на европските првенства со 61 гол постигнат 2012-та во Србија, учинок кој до 2020-та беше рекорд, кога норвешкиот репрезентативец Сандер Сагосен постигна 65 гола.
Кирил Лазаров прв ја мина магичната граница од 60 погодоци во рамките на еден турнир, тој ги обедини титулите најдобар стрелец на ЕП, СП и во историјата на ЛШ, што тешко дека некому ќе му појде од рака во блиска иднина.
Сандер Сагосен (НОР) – 65 (2020)
Кирил Лазаров (МКД) – 61 (2012)
Олафур Стефансон (ИСЛ) – 58 (2002)
Може ли Кире повторно до ново рекордно и грандиозно достигнување? Следете ги настапите на Македонија, а претходно вклучете се во големиот натпревар на Златна копачка и бидете дел од континенталниот собир.