Ракомет

КАКО ЌЕ СИ ПОМИНЕМЕ НА ПРЕТСТОЈНОТО ЕП ВО РАКОМЕТ?

Македонија ќе учествува на 15-тиот континентален собир на најдобрите машки ракометни селекции, што ќе се одржи во јануари наредната година. Пред европското првенство, ве прашуваме да типувате – каков ќе биде нашиот пласман?

Во групата А во унгарскоот град Дебрецин, во која секој натпревар може да значи пласман во следната фаза или елиминација уште по првата фаза на ова европско првенство, ќе играме редоследно против следните три селекции:

Македонија – Словенија (13.01.2022)
Македонија – Црна Гора (15.01.2022)
Македонија – Данска (17.01.2022)

Ако ја поминеме групата од првата фаза како една од двете најдобропласирани екипи, следува втората фаза по групи во која вкрстуваме со најдобрите две селекции од групите Б и Ц, во рамките на кои ќе се надигруваат следните репрезентации:

Група Б – Португалија, Унгарија, Исланд, Холандија.
Група Ц –  Хрватска, Србија, Франција, Украина.

По втората фаза по групи, најдобрите две селекции од секоја група ќе вкрстат во полуфиналето, а потоа победниците ќе играат за златото или среброто во финалето, односно поразените за третото место и бронзата на ЕП. Каде ја гледате Македонија?

Може ли нашата селекција, со новите сили, повторно до ново големо достигнување? За да ги следите ги настапите на Македонија во живо, вклучете се во големиот натпревар на Златна копачка и бидете дел од континенталниот собир.