БАРСА И ДРУГИ КЛУБОВИ ВМЕШАНИ ВО ИЗМАМАТА НА ЈУВЕ
Објавено на: 04.12.2021
Што не чини со трансферите на Старата дама, зошто се испитуваат околностите под кои се направени и каква дупка во законот нашле челниците на црно-белите, дали освен (се уште само обвинетиот) Јувентус има и други потенцијални измамници кои се откриени?
Сивите тетратки на сметководителите не се единствениот момент кој го истражува финансиската полиција во Јувентус. Последните три години, резидентот на Торино ги криел вистинските вредности на трансферите на играчите, се со цел да бидат вклопени во финансискиот фер-плеј лимит.

Многу често во Јуве ги надувувале цените на играчите со цел да се зголеми номиналниот приход и да се подобри финансиската слика на клубот. Тоа најдобро се илустрира со трансфер-замената Миралем Пјаниќ-Артур, дил направен меѓу Јувентус и Барселона.

Јуве го процени 30-годишниот Пјаниќ на неверојатни 60 милиони евра, а следната година Барса го продаде во Бешикташ за 18. Артур, кој беше анонимна резерва во Барселона беше продаден за 72 милиона евра. На тој начин, се амортизираат трошоците.

Артур кој „вреди“ 72 милиона има 5-годишен договор, значи во 2020 на Јуве му се дедуктирани не 72, туку 14 милиони од буџетот. Фудбалски не добиле ништо, но челниците на Јувентус финансиски добиле 46 милиони евра на годишниот даночен биланс.

Вакви договори се направени и со други екипи, освен Барселона, а тоа се англискиот Манчестер Сити (Данило-Кансело), францускиот Олимпик Марсеј (Аке-Тоња), како и италијанските клубови Аталанта и Џенова.

Експертите велат – целото раководство било свесно за овие договори, што значи не само поранешниот спортски директор Фабио Паратичи, тку и претседателот Андреа Ањели и потретседателот Павел Недвед, треба да одговараат за овие постапки.

Финансискиот фер-плеј секоја година доживува нови удари, особено од богатите и новопечените финансиски моќни фудбалски клубови. Ќе одговара ли некој за нешто, ќе одговараат ли Јувентус и другите екипи инволвирани во овие матни договори?