УЕФА ПРАШУВА – КОЈ КАПИТЕН ЌЕ ЈА ОДВЕДЕ СВОЈАТА СЕЛЕКЦИЈА НА СП 2022?
Објавено на: 03.12.2021
Европската фудбалска куќа на последниот пост на Инстаграм профилот посветен на квалификациите за пласман на следното светско првенство, јавно прашува – која капитен ќе обезбеди пласман на својата селекција од патеката Ц?
Таму се Македонија која во полуфиналето игра кај Италија, односно Турција која гостува кај Португалија. Победниците од овие два дуела, потоа ќе се сретнат во финалниот меч за последниот тикет за Мундијалот во Катар 2022.
Полуфиналињата се играат на 24-ти март наредната година. Финалето е на 29-ти март. Кој ќе оди на СП 2022 од Патеката Ц?