ТОВАРОТ ШТО БРУНО ИМ ГО ОСТАВА НА ОНИЕ ПО НЕГО
Објавено на: 03.12.2021
Португалскиот маестро одигра 100 натпревари во дресот на Манчестер Јунајтед. Одлично се разбира на теренот со Кристијано Роналдо. Тие двајца го движат тимот на црвените ѓаволи, во новата сезона во која има многу подеми и падови.
На првиот голем јубилеј, воинот Бруно Фернандез може да се пофали со 45 гола и со 34 асистенции, но позначајно е што неговите клучни потези се во клучните моменти од натпреварите, по што се разликуваат обичните од предодредените.

Бруно им остава голем товар на следбениците – ако сакаат да играат во дресот на тимот од Олд Трафорд, следните генерации ќе мора да се потрудат да го следат неговиот пример. Фернандез беше полн погодок на администрацијата на Солскјер.