Фудбал

ХАЛАНД ГО ЗАГРОЗУВА НАСЛЕДСТВОТО НА РОНАЛДО

Норвешкиот напаѓач експлодира на сцената по доаѓањето во германската фудбалска машинерија за млади таленти, Борусија од Дортмунд каде само ги продолжи одличните настапи кои ги имаше во редовите на Салцбург.

Eрлинг Хaланд на возраст од 21-на година има 153 сениорски натпревари во кариерата, постигнал 106 гола, има 28 асистенции. За споредба, Кристијано Роналдо има 153 меча до 21-на година, 27 гола и 30 асистенции.

Португалскиот ас има постигнато вкупно 799 гола, со што е светски рекордер во оваа категорија, но во првите години од професионалната кариера Хaланд има далеку повеќе голови во просек. Кој е поголем потенцијал и талент?